Јајцата се матат со шеќерот и ванилата. Се додава постепено млеко, зејтин и брашно (измешано со пецивото и афионот), притоа миксерот е на најмала брзина. На крај се додава и кората од портокалот, се промешува сега со лажица(онаа како шпатула) внимателно и се сипува во форма за куглоф(која претходно е намрсена и посипана со брашно).

Се пече во претходно загреана рерна на 170 степени околу 1 час. Се проверува со чепкалка дали е печено(ако е сува,значи е печено). Потоа со подотворена рерна се остава да се подизлади,па потоа се вади надвор и се лади убаво.Се превртува на плиток тањир и се полева со стопена чоколада(50-100 гр.+малку путер и млеко-ова го топам во микробранова).Се остава да се стегне чоколадата, па потоа се сече.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови