Лебот се сече на коцки, а потоа се меша со зачините.Смесата треба убаво да се измеша со раце за лебот убаво да упие од зачините, а потоа се суши во рерна околу 10-15 минути. Вака приготвените кубети се многу вкусни и од една векна излегуваат две тепсии така да може да се менуваат зачините по вкус.
Јас најчесто ги употребувам овие кубети за време на постот -се разбира без сирење а слатката опција е подеднакво добра и пробајте. Ова и не е некој рецепт, повеќе идеја која ми е побарана да ја објавам и во прилог на кубетите од микро еве за тие што немаат микро а и тие што сакаат повкусни, попечени кубети повелете!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела