Ако можете одберете помали компири, слични по големина. Излупете ги.
Ставете ја водата да зоврие. Кога ќе започне да врие ставете ја содата и компирите. Нека варат 20 минути.
Тавата во кој ќе ги печете ставете ја во загреана рерна заедно со путерот. Кога ќе се вжешти путерот ставете ги компирите и измешајте да добијат од путерот од сите страни.
Ставете ги да се печат. После 15 минути превртете ги. Нека се печат отприлика еден час, во зависност од тоа колку сакате однадвор да бидат крцкави. Внатре ќе останат сочни. Вртете ги на секој 15 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови