Рецептот е од мојот стар бележник, посен но не заостанува по вкус зад мрсните верзии.
Филот го подготвуваме од состојките, ренданите јаболка се цедат, се додава се останато, се меша и се остава за употреба понатаму.
Квасецот е втор по ред, се мешаат состојките и се остава са се активира.
За тестото се ставаат течните состојки, се додава квасецот, па на крај брашното. Со месење се одредува понатаму количината на додадено брашно. Месеното тесто се остава 30 мин.да отстои премачкано со малку масло.
Се сука кора со дебелина од 1,5 см од прилика и се сечи со чаша.
На средина на секое парче се става со мала лажичка фил, се затвора почнувајќи од по краевите. Така ќе се образува кружна форма. Деловите каде се спојува се ставаат надолу на дното од плех прекриен со хартија за печење. Пред да се печат одмораат 15.мин.се загрева рерната на 200 степени и се печат да добијат руменикаста боја. Се вадат од рерна и се оставаат така кога се млакисе валкаат со шеќер во прав,помешан со ванила шеќер.
На еден дел од нив можете да ставите парчиња од омиленото слатко или по сопствен избор.За бројот на парчиња разбирливо е дека ќе варира и е од 45-60 зависно од големината на чашата со која се вадат формите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови