До сега кога сум правела кростата или користев мармалад или некој фил, но овој пат имав одвишок јагоди кои требаше да се потрошат па ги искористив во овој едноставен облик.

На работна површина ставете го брашното, шеќерот, пецивото и путерот.
Месете со раце додека состојките убаво се спојат и тестото стане во вид на ронки.
Потоа додајте го јајцето и малку сол.
Продолжете со месење додека состојките убаво се соединат.
Тестото замотајте го во алуминиумска фолија и оставете го во фрижидер да отстои 15-тина минути.
Во меѓувреме јагодите исечете ги на мали парчиња и заедно со шеќерот ставете ги во тенџере на оган.
Оставете шеќерот да се растопи и нека провријат додека малку се згустат(околу 10 минути).
Тргнете го тенџерето од оган и оставте смесата малку да се олади.
Тестото со сукало развлечете го меѓу 2 листа хартија за печење.
Дебелината на кората сами одредете си ја.
Во калап за кростата или во обично округло плекче ставете хартија за печење и нанесете ја кората.Високот на тесто од каревите на кората оставете го настрана и од него направете ленти.
Рамномерно низ целата кора нанесете ги карамелизираните јагоди и на крај ставете ги лентите од тестото.
Печете на 180 степени, 20 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани