1. Најпрво на работната површина со шпатула за тесто изработете ги шеќерот и омекнатиот путер додека не станат мазен крем. Потоа на работната површина од брашното формирајте фонтана, додадете ги кремот и остантите состојки и формирајте мазно тесто. Тестото поделете го на два дела и со помош на сукало формирајте две кори во дебелина од 2мм.

2. Првата кора префрлејте ја во претходно намастена тава за печење, избоцкајте ја со вилушка и премачкајте ја со мармаладот. Врз мармаладот додадете ја втората кора. Остранете ги деловите од тестото ако ви излегуваат од тавата.

3. За глазурата во сад за матење додадете ја белката и шеќерот во прав и изматете цврст снег, на крај додадете ја и аромата од лимон. Нанесете ја глазурата врз кростатата рамномерно. Со помош на готварски шприц нанесете го медот врз глазурата во хоризонтални и вертикални линии оформувајќи квадтатчиња. Печете ја кростатата во претходно загреана рерна на 170° околу 35 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани