Компирот ставете го да се вари. За тоа време насецкајте на ситно кашкавалот, шунката (може било кое сувомеснато) и перцата од младиот кромид.
Излупете го сварениот компир и на преса истиснето додека е топол, посолетем па додадете му го магаринот и млекото. Откако малку се олади додадете го јајцето и исецканите кашкавал, шунка и перцата. Измешајте. Од добиената смеса првете мали топчиња и панирајте ги во едно изматено јајце во кои се додава 2 лажици млеко, валкајте ги во лебни трошки. Откако целата смеса сте ја испанирале, пржете ги.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани