Крокантот има повеќе намени, го користам самостојно како грицкалка, како посип за сладолед, а може и да се сомеле па со него да се декорираат колачи и торти. За подготовка на крокант може да користите и друго јаткасто овошје како ореви и лешници.

Шеќерот го загреваме се додека да добие карамел боја. Ги додаваме излупените бадеми. Целата смеса ја истураме на хартија за печење која сме ја намрсиле со масло. Сето ова го правиме многу внимателно бидејќи смесата е многу жешка. Преку смесата ставаме намрсена хартија за печење и поминуваме со сукало, за да ни се изедначи крокантот. Го чекаме малку да подизлади па сечеме на парчиња по желба, со нож кој сме го намачкале со масло.

Забелешка
Ако немате излупени живи бадеми во тој случај суровите бадеми прелијте ги со жешка вода или пак провријте ги 1-2 минути и потоа излупете и исушете ги. Најдобро е да се направат еден ден пред да се прави крокантот.
Можете бадемите и да ги потпечете пред да ги ставите во карамелот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани