Многу вкусни домашни кроасани, кои се меки како памук.
Најпрво квасецот го растопуваме во една шолја со малку млака вода. Потоа го додаваме во брашното, заедно со шеќерот, солта и млекото исто така и маслото, и месиме средно меко тесто. Јас во рецептот напишав еден кг брашно, но зависи од самото брашно може да затреба уште малку. Ќе додадете додека месите.
Откако ќе го измесиме го оставаме да надојди.
Штом е готово правиме околу 20на топчиња. Потоа на намрсена подлога ги оформуваме кроасаните, ставаме во секој по малку од превкусниот крем алми на Винчини.
Штом ги направиме сите кроасани, плехот го покриваме со кујнска крпа и ги оставаме пак и вака веќе оформени уште 30на минути да нарастат.
Пред печење ги мачкаме со ладна вода и ги печеме во загреана рерна на 200 степени околу 25минути односно додека не заруменат убаво.
Веднаш откако ќе ги извадиме ги премачкуваме со путер за да омекнат повеќе.
Штом се оладени ги преливаме со чоколаден прелив.
Нависитна се превкусни и се супер комбинација со една шолја убаво кафе.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови