1. Се мешаат маста, шеќерот, ванилата, јајцето, жолчките, рендната кора од лимонот и се додва брашното и румот.
2. Се замесува тестото и се става во фрижидер барем на 1 час.
3. Од тестото се прват топчиња во големина на цреша.
4. Секое топче се става во малку разматените со вилушка белки, па се валкат во мелениот бадем.
5.Се редат на плех обложен со пек-папир на 180 степени околу 20 минути.
6. Се топи на пареа чоколадата со маргаринот или маслацот со спојуват топчињата.
Толку, ви останува да уживате.
Овој рецепт е на моја пријателка Зоило која го постави на коолинариката и беше хит за 2011 година. Сакав да го споделам рецептот со вас токму поради тоа што е навистина предобар, преубави слатки.
Овие крешенти колку повеке стојат толку се поубави.
Јас ги спојував со нутела. Ги правев и со маргарин и со маст... и да ви кажам, со маста се мнооогу поубави.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани