Зовријте ја водата и ставете ја коцката супа да се растопи. Тиквата испечете ја исечена на коцки наросена со малку сол. Компирот исецкајте го на коцки. Кромидот исецкајте го на ситно и во тава на тивок оган пржејте го додека не омекне. Откако ќе омекне кромидот додајте ги компирот и водата со растопената коцка за супа. Додајте сол и црн пипер. Варете на тивок оган околу 25-20 минути или додека не се свари. Откако ќе се свари компирот, додајте ја испечената тиква и испасирајте се заедно додека не стане мазен крем. Пред да ја послужите наросете цимет и мускатно оревче. Одлично оди во комбинација со кубети од тостирано лебче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани