Некако темава ми се погоди, бидејќи оваа супа е наше секојдневие, особено кога доматите се толку вкусни и зрели, а да не заборавиме богати со витамин Ц, каротин, витамин Б1 и витамин Е. Топло им ја препорачувам на сите, особено на тие со мали дечиња на кого доматите не им се омилен зеленчук, а вака ги конзумираме без проблем.

Најпрво се лупат доматите и кромидот, па се сечат на коцки.
Тавата се загрева заедно со путерот.
Се додава кромидот и се пржи додека да омекне.
Потоа се додаваат доматите и се продолжува со пржење 10 -тина минути.
Се додава павлаката и се се крчка уште 5-7 минути.
Настрана се загрева вода и се додава коцката за супа, која по желба може да биде пилешка или говетска.
Пржената смеса се блендира и на крај се додава приготвената супа до саканата густина.
На крај се зачинува со мајоран и малку сол.
Се украсува со листови од босилок и парчиња тостиран леб.

Јас си додавам и лажиче шеќер за да се неутрализира киселоста на доматот.
Тостираниот леб е моја идеја..како ќерка ми со супата да касне и малку леб.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови