Во еден сад ги соединуваме состојките за тесто. Го замесуваме и оставаме во фрижидер 20 минути. Потоа сучеме кора и обложуваме тава за колач бр 24 или 26, или тестото го распоредуваме во 2-3 мали форми (како на сликата). На неколку места дното го боцкаме со чепкалка. Ги печеме околу 10 минути во загреана рерна. Оставаме да се изладат, па ги вадиме од формите. Го подготвуваме кремот. Во една касерола налеваме млеко, шеќер, јајце, густин , ванила и вариме до згуснување. Оставаме да се излади. Во друг сад ја матиме слатката павлака, не многу густо, па додаавме крем сирење, во кој по желба сме додале шеќер во прав. Убаво цела смеса ја соединуваме. Изладените форми ги полниме со крем, врз него редиме половинки јагоди, прскаме сецкани фстаци. Оставаме во фрижидер 30 минути, па послужуваме.