Убаво се матат 4те јајца со 160 гр шеќер. Потоа се додаваат растопениот маргарин, прашокот за печиво и брашното. Истурете половина од смесата во намастен огноотпорен сад.
Секој прашок за пудинг одделно сварете го со 3 лажици шеќер и 350 мл млеко.
Во тавата, врз првата половина од тестото ги распоредуваме капините и ги попрскуваме со ванилиниот шеќер. Врз нив се става пудингот од шумско овошје, а над него пудингот од чоколадо.
1то јајце со 1та лажица шеќер убаво се матат и се додаваат на втората половина од смесата и со неа преливаме врз филот од пудинзите.
Се печи на 180 степени околу 40 мин.
Изладениот кекс се сечи на коцки и се декорира со шеќер во прав одозгора и по некоја капина. По желба можи да декорирате и со шлаг пена.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови