Брзински десерт кој не одзема многу време а по вкус феноменален. Постапката оди вака

1. Во подлабок сад изматете ги со миксер путерот, шеќерот, солта и ванилиниот шеќер. Додајте го јајцето и продолжете да миксирате додека смесата не се соедини. Додадете го и путерот од кикирики и промешаното брашно со пециво. Додадете 5 големи лажици млеко и изренданото чоколадо. Измешајте ја уште еднаш смесата да стане хомогена и ставајте внимателно во калапот за печење на мафини во кој сме ставиле претходно хартиени корпи. Не ги полнете калапите премногу зошто мафините ќе нараснат во печењето. За полесно полнење на калапите јас користам лажица за турање сладолед. Ем нема извалкана кујна, ем побрзо ми оди полнењето.

2. Печете 20-25 мин на 180 степени

3. Во сад за матење изматете шлаг пената со 100 мл ладно млеко и кога ќе ја добие потребната густина додадете 1 голема лажица путер од кикирики. Соединете убаво. Ставете го шлагот во готварски шприц и украсете ги мафините

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови