Прееееекрасни, кремасти коцки е мојот денешен предлог за десерт.
Јас ги формирав како коцки и многу се лични.
Но може на послужавник да се нареди еден ред бисквити, крем да се премачка, бисквити, крем...
Ако сте љубител на ванила, пудингот заменете го со ванила пудинг и додадете 1 лажиче екстракт од ванила.
Јас редев по 4 бисквити на 1 коцка.
Таман си беа, за уживање

Во еден сад на оган ставаме 300 мл млеко и шеќер да се загрева на тивко.
Во останатите 100 мл млеко го раствораме пудингот и јајцата.
Соединуваме, заедно со млекото
Вариме на тивок оган до згуснување.
Тука го додаваме и млечното чоколадо.
тргаме од оган.
Повремено го промешуваме кремот да не фати коричка.
Во еден сад го ставаме путерот и го соединуваме со шеќерот во прав.
Во друг сад го матиме шлагот.
Сега сите три состојки ги соединуваме во свиленкаст крем.
Го полниме во шприц.
Формираме винчини коцки, одприлика на 6- 8 места, во зависност од тоа колку сакаме да се големи коцките
Бисквитите благо ги натопуваме во млеко.
Кревки се, не е потребно многу да се топат.
Со шприцот обилно нанесуваме крем
Повторно бисквита, крем, бисквита, крем
Нежно ги декорираме со кандирани вишни и ливчиња свежо нане.
Уживамееее, ама после 1 час хахахах

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани