Веганска порција салата без додадени маснотии.

1. Во сад со провриена солена вода се ставаат макарони да се варат. Варете ал денте (да не се преварени). Се тргаат настрана,се измиваат со ладна вода и се цедат.
2. На даска се сецкаат домат, маслинки, кромид и краставица. Се става зачин од медитерански тревки, сол. Се додаваат макароните, најгоре се става од авокадо паштетата. Рецептот за паштета ќе го најдете на мојот профил, користејќи ја како дресинг овај пат, додадов уште малку вода да нема густа конзистенција. Мешаме сè заедно.

Уживајте во прекрасен вегански оброк.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови