Уште едне супер брз и лесен рецепт за вкусни грицки.

Во сад ставете ги прво брашното и пецивото, убаво измешајте ги, па додадете ги млекото, путерот (може и стопен), киселото млеко, белката, сирењето (или урда) и солта.
Замесете убаво мазно тесто. Расукајте кора од окулу 5 мм и вадете форми по желба.
Премачкајте ги со изматена жолчка. Доколку сакате можете да ги посипете со семиња, ким, афион, сусам или како мене со кцана сол.

Печете на 200 степени, 15ина мин или зависи од вас колку сакате да бидат крцкави. За 15 мин се веќе печени, но јас ги печев 22-23 мин и беа супер крцкави. Ќе внимавате на времето, секоја рерна е различна.
Јас ги правев со домашно интегрално пченично брашно, значи може и со интегрално да ги правите, не само со бело.

Пријатно дебелеење! =))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани