Едноставно, брзо, феноменално!
Дури ни пиво не ви треба дополнително, бидејки имаат се за совршено грицкање =))
Кога другарка ми Александра Битолчанката ја мрзи да направи профил и да си го стави рецептов, јас морам да го направам тоа место неа. Најтешкиот дел ми беше јадењето место неа =))

Сувите состојки промешајте ги заедно, додадете ги течните и замесете убаво тесто.
Рассукајте кора од окулу 5 мм и вадете форми по желба (сечете коцки со нож, кругчиња со чаша, переци...)

Наредете ги во тавче на хартија за печење или доколку користите Делимано нема потреба од хартија.
Печете во загреана рерна на 200 степени 15ина мин

Вуала!

Доколку сакате сусамот можете да го потпечете на суво тавче или во рерна, да зарумени. Така е повкусен.
Маслото може да биде маслиново, ако ви се допаѓа шмекот.
Јас користев интегрално пченично брашно бидејки само такво имаме. Вие можете слободо да ги направите со бело брашно или комбинација од брашна.
Морам да кажам дека само со интегрално брашно малку е поровко тестото и се рони повее при месење, па доколку сакате можете да помешате интегрално со бело, барем 1/3 (200гр)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани