Најпрво бифтекот се посолува и му се наросува црн бибер. Во загреана тава се пржи целото парче бифтек наизменично од двете страни, не на многу висока температура. Откако ќе се испржи, се сервира исечен на тенки парчиња наросен со свеж магдонос и листови пармезан. И тоа е тоа.
Прилогот нека биде Ваша идеја!
Јас направив сос од печурки, за него некој нареден пат...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови