1. Се матат белките со прстофат сол во цврст снег. Се додава постепено шеќерот. На крајот се мешаат со шпатула останатите состојки. Се печи во плех од шпорет на 200С-25мин. Се лади тестото и се сечи на два дела.
2. Крем-Се матат жолчките заедно со брашното и ванилата. Во тенџере се вари млекото со шеќерот и се додаваат жолчките. Се вари во густ крем. Се става стреч фолија и се остава да се олади. Кога е оладен кремот се миксира и во него се додават маргаринот. Се добива убав жолт крем.
3. Се зема едната кора се става половина од филот, врз него другата кора па вториот дел од кремот. Се остава да се стегне колачот и се сечи на коцки ...по желба. На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани