Котлета на Киевски начин доаѓа од Украина од главен град Киев. Ја прават од пилешки стек во кој завиткуват парче путер со копар.

Подготовка

1. Путерот сечете го на подолгнавести парчиња, извалкајте ги во ситно сечкан копар, ставете ги во замрзнувач. Додека го спремате месото, путерот ке замрзне.
2. Пилешкиот стек исечете го на парчиња, во големина на рака. Со помош на чеканче за месо исчукајте ги,  посолете од двете страни и ставете црн пипер. Во парче месо, завиткајте замрзнат путер.
3. Котлетите ставете ги во брашно, па во јајца и во презла. Пржете ги во поголема количина зејтин.
Сервирајте со варени компири!
Кога ке ја пресечете котлета путерот ке биде течен!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани