За корпички од мелено месо
Мелено месо земете по желба. Јас земав мешано говедско со свинско.
Кромидот исечкајте на сецко, додајте го во меленото месо, морков изрендајте, магдонос ситно исечете, подсолете, додајте црн пипер и зачини по вкус.
Земете мелено месо со натопени раци, направете топка, во топката ставете чашка од ракија за да направете дупче. Извадете ја чашката и ќе ви испадне корпичка.
Така направените корпички наредете ги во тепсија за печење.
За фил од печурки.
Печурки земете по желба, јас имав вргањ, ако немате може и шампињони.
Кромидот исечете го на ситни коцки и ставете да се пржи. Додајте печурки сечени на коцки, подсолете ставете црн пипер, попржете малку.
Корпички наполнете со фил од печурки.
Ставете ги да се печат во рерна на 250 степени 20 минути.
За пире
Компирите излупете ги, сварете ги и изгмечете во пире,додајте путер и млеко. Убаво промешајте.
Корпичките извадете ги од рерна.
Со вреќичка за шлаг ставете врз корпичките пире.
Ставете да се подпечат уште 20 минути.
Имате убави и декоративни корпички, кои ќе ви одговарат за вашите прослави.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани