Чоколадниот кекс се меле и се замесува со растопеното чоколадо и маргаринот. Портокалот се цеди и во него се ставаат боровинките да одстојат еден до два часа. Се мешаат боровинките со кексот и се замесува смеса која се моделира во калапи за корпици.
Корпиците се полнат со исецканиот локум и сецканите суви кајсии. Одозгора се преливаат со чоко глазура и се декорираат по желба.
Навидум има доста вкусови, но сите се совпаѓаат и се добиваат одлични корпици со суво овошје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела