Јас обожавам да некако се што спремам да можам да го ставам во тегла и да пастеризирам, да се задржи природниот вкус на нештото, мразам да замрзнувам, љубител сум на спремање полуготови или готови јадења - во тегла. Се трудам да не замрзнувам барем тоа што може навистина да се спреми во тегла, малку е позахтевно но секако дека е подобро затоа што си е природно. Штом велам да се стави во тегла... па дури и месото, се заклучува лесно дека е тоа веќе готово или полуготово спремано јадење било за ручек или доручек. Овој пат ви предлагам да на овој начин спремате боранија. Користам или путер боранијата, таа жолта и широка или шарената боранија некако ми е најдобар вкус, а вие конзервирајте ја онаа врста на боранија која си ја обожавате.

Па вака следи мојот рецепт
1. Измијте и исчистете ја боранијата, исечете ја во должина од едно 3-4 см или пак онака како што сакате вие, бланширајте ја околу 3-4 минути и веднаш ја ставете под млаз со ладна вода за да се веднаш олади. Ако се остави сама да се олади тогаш на дното од теглата кога се забележи тој бел талог - причина за него е процесот на самооладувањето. Затоа секогаш се става по млаз ладна вода за да се стопира тој процес. Оставете ја да се цеди.
2. Додека се лади  вие изрендајте го доматот и оставете го настрана.
3. Исечете го кромидот на кругови и на зејтин ставете да се пржи до негово омекнување. Тргнето го и него настрана.
4. Морковот исечете го на кругови или саканата форма, пржете го и него до омекнување, тргнето го настрана.
5. Во друго поголемо тенџере ставете го ренданиот патлиџан и варете го околу 15 мин, по што во него ќе ги додадете бораниите, кромидот и морковот. Кога ова ќе проврие  додајте го винскиот оцет, шеќерот и солта. Варете околу 10 мин. Сега ќе го додадете магданосот и неколку минутки само да проврие заедно, тргнете.
6. Во секоја тегла ставете по 3-4 зрна бибер и пола ливче ловоров лист. Полнете ги теглите со боранијата, затворете цврсто со капачките, па одат на пастеризација.

ЗАБЕЛЕШКА
Забележавте дека нема во состојките зејтин и негова количина!!!
Целото тоа се пржи на одокато ставен зејтин, исто како кога си спремате ручек. Никако нема да погрешите иако не сум запишала, зејтин ставам онолку колку што си бара самиот зеленчук.

Оваа боранија е веке готов ручек.
Јас многупати правам вака:
веднаш кога го тргам тенџерето од огнот ги полнам теглите додека е врела, затварам со капачките, ги ставам во кутија во која веке сум ставила некое старо ќебе, ги превртувам со капачката надоле, ги редам така една до една, ги покривам добро и оставам процесот на пастеризирање така да се одвива, а кога се олади - теглите правец - подрум на рафт.
Ако оценам дека се оладила боранијата ( многупати ми се има случено тоа) тогаш ги ставам теглите во вода да се пастеризираат, ги вријам колку да се вакумира капачката, исклучувам огнот и ги оставам во тенџерето се додека се олади водата или пак повторно во кутијата како што напишав погоре.
Ако ја собирате веднаш боранијата, тогаш в зима ќе ви треба само малку време да се доспрема, а ако ги ставате во вода да вријат, тогаш веке е готова боранијата - додека
да се вакумира капакот- боранијата веке сварена.
Затоа велам дека е готов ручек - па нека ви е наздравје.
Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани