Вкусен топол напиток, кој сигурно повеќето од нас си го спремаат во овие зимски денови.
Во водата го ставаме овошјето, она што е покрупно - сецкано на парчиња, а другото цело, и го оставаме да врие околу 15-20 минути.
Може да употребите и замрзнато и суво овошје, од она кое го нема свежо во моментот. Сипете во чаша, засладете со мед/маџун, додајте парчиња лимон и уживајте во овој природен овошен чај.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови