1. Лупените компири се ставаат во врела вода да се варат само 10 мин. на умерен оган. Ладни се рендаат на поголеми парчиња со ренде и се посолуваат.
2. Настрана во сад се пропржува на масло кромидот, се додава меленото месо, се зачинува и се трга од оган.
3. Во трет сад се чистат листовите блитва и се мијат, се кинат на поголемки делови.
4. Во оладените рендани компири се додава 1 белка.
5. Во полукружен сад се става фолија и целосно се обложува внатрешноста која ќе ни послужи како калап за топките. Од компирот се нанесува во целата внатрешност на садот заедно со страничните зидови, така ќе се формира една вдлабнатинка во која ставаме од листовите блитва и од филот со мелено месо. Најгоре се затвора со ренданиот компир и се завиткува со фолијата, така што ќе се формира топка.
6. Топките се ставаат врз хартија за печење во тава и се печат во рерна на 200 степени околу 30 мин. Се вадат, над секоја топка се става по едно парче кашкавал и се оставаат пак в рерна да се истопи кашкавалот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови