1. Компирите и морковите се лупат, се сечат на помали парчиња и се ставаат во тава за печење.

2. Во посебен сад се ставаат маслиново масло, сол, мелен бибер, црвен пипер, свеж рузмарин, оригано, соја сос и оцет балсамико и се заедно се меша.

3. Со таквата мешавина од зачини се поливаат компирите и морковите и се додава уште 100 мл. вода и 100 мл. бело вино.

4. Се печат 50-60 минути на температура од 180 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани