Најпрвин ги лупиме компирите ги сецкаме како за пржење само малку подебели. Го лупиме и кромидот. Во плекче број 34 го ставаме маслото на оган да се загрее во него го сецкаме кромидот и го пропржуваме додека да зарумене. Го додаваме потоа оризот и него го попржуваме. Ги додаваме и компирите ги посолуваме и им го додаваме зачинот, ориганото, биберот промешуваме го додаваме домашниот сос и ги прелеваме компирите со вода. Ги ставаме одозгора и макароните и ги потопуваме со лажица и нив да ги прелиее водата ако е малку досипуваме уште вода.

По желба во нив ако не постите може да си стаавите варено свинско месо или обарени пилешки копани и тие во релната ке се запечат.Ги ставаме во релна претходно загреана на 200степени и ги оставаме да се варат.
Во текот на варњето можно е водата да изврие, а компирите да останат тврди(неварени)додаваме уште малку топла вода за да се сварат. Кога водата ќе изврие и компирите ќе бидат меки се вадат од релната. Се сервираат топли, убави се кога се јадат со сирење и домашно месено лепче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови