1. Во посебен сад се мешаат сувите состојки (брашно, какао, шеќер, сода, пециво) а во посебен течните (инстан кафе, масло, ванила).
2. Течните состојки се додаваат кон сувите и убаво се меша (не со миксер)
3. Смесата се става во подмачкан сад за печење и се пече околу 25-30 мин. на 180Ц
4. Слатката павлака се мати за да стане цврста. Орео колачињата се сецкаат и половината се додаваат во слатката павлака.
5. Изладениот колач се филува со кремот од слатката павлака.
6. Се украсува со остатокот од колачињата и јагодите.

*шољата е од 240мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови