Путерот изматете го шеќерот и ванилата потоа додајте ги јајцата едно по едно и продолжете со матењето да се добие кремаста смеса. Додајте го млекото и кратко изматете го.
Додајте го брашното измешано со пецивото и содата, убаво измешајте ги со лажица, додајте ја сецканата чоколада и повторно измешајте.
Во калап (30х10) намачкан со путер и посипан со брашно ставете половина од смесата и подрамнете ја, наредете половина од јагодите, ставете ја останатата смеса и јагодите.
Ставете го да се печи во претходно загреана рерна на 180 степени околу 45 мин потоа оставете го уште 10 мин во исклучена рерна.
Оставете го да олади покриен со алуминиумска фолија и послужете го.
По желба можете да го украсите со стопена чоколада или со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани