Подготовка:

1. Во вангличка се ставаат јајцата, ванилата и шеќерот. Се мати до побелување. Со исклучен миксер ги додаваме тиквата и течните состојки. Убаво соединуваме.
2. Во сад ги соединуваме брашното, пецивото, содата, зачините и брусницата. Промешуваме. Овие состојки ги додаваме кај течните состојки. Убаво со шпатула ги соединуваме.
3. Смесата ја распоредуваме во калап за леб, кој е обложен со хартија за печење. Печиме околу 30 минути во загреана рерна. Сепак проверуваме со чепкалка. Колачот го оставаме на решетка убаво да се излади, па го сечиме на парчиња и го сервираме.

*Забелешка - За поздрава варијанта на овој кревок и ароматичен колач, половина количина на брашно може да биде хељдино, јачменово, спелтино брашно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани