Рецептов ми го даде мојата колешка Маја. Никогаш немав направено ништо во чиј состав влегува просото. Кога го направив колачов, многу ме бендиса, а да ви кажам и дека на домашните им се допадна. Колачот е одличен за време на пости, а секако за тие што не постат може да си го направат со млеко.

Јаболката ја лупиме и рендаме. Додаваме шеќер и цимет во неа и промешуваме. Половина од просото го мелеме на машинка за кафе. Оризовото млеко во прав го промешуваме, раствораме, со водата. Сите состојки ги мешаме во еден сад и ги истураме на намрсено и набрашнето тавче.  Се пече на 200 степени окулу еден час. Толку е работата околу спремањето.

Е сега забелешките. Јас го ставив во поголемо тавче, па ми испадна потенко. Маја го става во помало тавче и нормално излегува подебело. Исто така таа нема машинка, па просото воопшто не го ни меле, целата количина ја става во зрно. Така да како сакате така спремете си го. Интересно изгледа и има вкус како парена тортичка со јаболка, а на моменти и крцкаво. Одозгора го посипав со бадем во лист.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани