- Од сите наведени состојки за подлогата замесето тесто кое од почетокот ќе биде малку ронливо, но месејки ќе се изработи во убаво компактно тесто. Одделете од тестото одредена количина кое покасно ќе ви послужи околу декорацијата. Ставете во фрижидер и нека одстои 45 мин.
- Округла модла подмачкајте со путер и побрашнете. Извадете го поголемиот дел од тестото и расукајте во кора и ќе ја обложите модлата на дното и страниците.
Фил
- Во млекото со шеќерот сварете го пудингот. Тргнете на страна. Крем сирењето и киселата павлака измешајте ги и додадете кај пудингот, истурете во модлата врз кората, наредете ги преполовените и искостените сливи врз филот и доколку сакате можете да ги посипете со малку шеќер. Од оставеното тесто за декорација ставете одозгора врз сливите било да го изрендате врз нив, било да го расукате и со некоја подличка да вадите форма која ја сакате вие - наредете ги одозгора... Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 175 степени околу 40 мин. Нека олади, посипете со прав шеќер и сладете се.
Напомена
- Додека тестото одлежува во фрижидерот, јас ги чистам сливите.
Овој колач може да го правите со било кое овошје, одличен е.... досега сум го правела со цреши, малинки, праски и со модри сливи. не им ставам шеќер бидејки после печењето посипувам шеќер во прав и доволно е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани