1. Овесните снегулки во блендер ги ситниме како брашно. Бананата ја пасираме со вилушка.
2. Јајцата ги матиме со миксер. Го додаваме медот и продолжуваме со матење. Во садот ги додаваме какаото, кокосовото масло, јогуртот и аромата од ванила. Мешаме со лажица. Ги додаваме иситнетите овесни снегулки, пасираната банана, пецивото и сода бикарбоната, промешуваме. Смесата ја ставаме во плехче обложено со хартија за печење со димензии 20х20 цм. Печеме во загреана рерна на 180 степени 30 минути.
3. Откако ќе се испече колачот оставаме кратко да се излади, Со вилушка правиме дупчиња на неколку места. Премачкуваме со мармалад.
4. Темното чоколадо го кршиме на коцки, го додаваме кокосовото масло. Го топиме на пареа. Во растопеното чоколадо го додаваме жешкото млекото, промешуваме. Чоколадниот прелив го ставаме врз колачот со мармалад. Оставаме да се излади.
* јас користам домашно направен мармалад од мешано овошје без додаток на шеќер

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани