Во мало тенџерче се мешаат боровинките со 2/3 чаша шеќер и густинот и се загреваат додека се згустат како крем со често мешање. На крајот се меша лимон шеќерот

Се мати маргаринот со другиот шеќер и се додаваат едно по едно јајцата, при што секое се мати по една до две минути. Потоа се додаваат солта, половина од брашното со пецивото, па киселата павлака и на крај останатото брашно и ванилата.

Половина од смесата се истура во намастен и набрашнет калап за векни, па врз тоа се распоредува сосот од боровинки и врз него останаиот ден од смесата.

Одозгора се ставаат кршени ореви или индиски оревчиња и суво грозје.

Се печи околу 50на минути.
Кога е готов по 10-15 минути се вади од калапот.

Состојките за глазура убаво се мешаат и се прелива колачот.
Овде тој чекор е прескокнат поради намената за која се правеше истиот, но секако таа одлично ќе го надополнува и така убавиот и ароматичен колач.