Крем сирењето, шеќерот и ванилата пенесто изматете ги и додавајте ги јајцата едно по едно и продолжете со матењето за да се спојат во смесата.
Додајте ги и маслото и млекото и повторно кратко изматете ги.
На крај додајте ги брашната, пецивото, кората од лимон и со мала брзина изматете да се изедначи смесата.
Јагодите исечете ги ливчина.
Околу 1/3 од смесата турете ја во намастена и набрашнета тава бр.26 и наредете пола од јагодите. Одозгора истурете ја останатата смеса и наредете ги останатите јагоди. Ставете ја да пече во загреана рерна на 180 степени околу 30 - 35 мин или проверете со чепкалка, да излезе сува при проверката.
Печениот колач оставете го целосно да олади и пред сечење-служење посипете го со шеќер во прав.
Колачот е едноставен но вистински сочен и вкусен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани