Идеја за брз десерт воедно и економичен. Пандишпанот го има во сите поголем маркети, а ако не сте во можност да набавите може да послужат и кршени бисквити.
Млекото се става да зоврие со шеќерот. Во зовриеното млеко се става растворениот пудинг и чоколадата и се вари крем.
Пандишпанот се става во подлабок сад, се попрскува со рум и врз него се истура млакиот фил. Убаво се меша и се истура во плехче, а за декорација може да послужи чоколада, шлаг,кокос и се што ќе ви се најде при рака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела