Месиме тврдо тесто од брашното,гризот,водата и зејтинот. Тестото го оставаме да стаса т.е да се дуплира. Стасаното тесто го делиме на 2 дела. Во едниот дел ставаме какао и месиме да се соедни тестото со какаото.
Со сукало на маса го четвртасто го расукуваме делот без какао, а потоа и делот со какао. Ги ставаме една над друга и виткаме ролат. Од добиениот ролат сечеме парчиња и ги редиме во тава. Печеме на температура од 200 степени 20 мин.

Потоа го подготвуваме шербетот. Во длабок сад го ставаме шеќерот и водата да зовријат. Кога ќе ја добиеме саканата густина на шербетот го тргаме од оган. Изладените колачи ги полеваме со топол шербет.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови