Бананите ги пасираме, а бискотите ги мелеме.
Маргаринот го миксираме со шеќерот во прав и жолчките. Ги додаваме бананите и бискотите и промешуваме. Бидејќи од бананите ќе бидат жолтникави можете да додадете боја. Ако смесата не ви е доволно тврда додадете мелени бискоти.
Правете форми какви сакате, може и бомбици.
На оган го топиме чоколадото за готвење и го полеваме секое колаче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови