Водлабок сад на оган се ставаат чоколадото, маргаринот, водата и медот да се растопат. Откако состојките ќе бидат растопени садот се трга од оган и во него се додаваат бисквитите и лешниците. Сето тоа убаво се промешува и се остава на страна да се олади и да се стегне смесата.
Кога смесата ќе биде оладена од неа се формираат мали конусни форми и се ставаат во хартиени корпички. Кога целата смеса ќе се потроши се мати слатката павлака и во неа се става малку прехрамбена зелена боја. Доколку бојата е во прав се раствора со капка вода. Подготвената  слатка павлака се става во шприц за декорација и се декорираат колачињата.
Одозгора врз колачињата се наросува од трошки во боја.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови