Најпрво го подготвуваме филот. Го подготвуваме пудингот на вообичаениот начин, па додека е уште врел, го додаваме во него сецканиот маргарин. Чекаме малку да се излади, па го додаваме и кокосот, и мешаме убаво да се соедини.
Пишкотите ги потопуваме во млеко и ги редиме во плехче, врз нив го истураме филот, па повторно редиме ред пишкоти потопени во млеко.
Оставаме во фрижидер неколку саати, пред служење.
Забелешка - наместо кокос, може и по ваша желба да ставите некој друг додаток.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови