Изматете го маргаринот со шеќерот, па постепено додавајте ги јајцата едно по едно. Потоа додадете го млекото и на крај брашното, предходно измешано со пецивото и какаото.

Смесата сипете ја во подмачкан плех (20х30), убаво израмнете ја и печете во загреана рена од 190 степени, некои 20на мин. Проверете со стисок или со чепкалка.

Откако ќе се испечи кексот, во помал сад на рингла ставете го шеќерот за преливот да се карамелизира, па додадете го внимателно млекото. Варете додека убаво не се растопи.
Потурете го ладниот кекс со жешкиот прелив.

За филот, ставете го млекото, шеќерот и маргаринот да провријат, па постепено со енергично мешање додавајте го гризот. Варете неколку минути додека се згусти, па тргнете го садот од рингла и додајте го кокосот. Убаво измешајте и премачкајте го врз потурениот кекс.

Растопете го чоколадото со маслото и прелијте го преку филот. Украсете со сецкано или рендано бело чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани