1. Мелените бисквити, кокосот и мелените лешници ги ставаме во еден сад и мешаме. Ги полеваме со стопениот путер и млекото. Мешаме се заедно. На крај го додаваме и румот и пак мешаме.

2. Од смесата правиме бомбици и со помош на дршката од дрвена лажица во секоја бомбица правиме дупче. Секоја бомбица ја валкаме во кокос. Ги ставаме околу 1 час бомбиците во фрижидер. Потоа со помош на шприц во секое дупче ставаме чоколаден крем.

На здравје и Среќни Празници.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови