Се става квасецот во дел од млекото со малку шекер да стаса.
Се меси брашното со јајцата, млекото, зејтинот, кората од лимон, ванилин шеќер и квасецот убаво. Јас го месам со миксер 20тина минути.

Се остава да нарасне на топло. Убаво е два пати ако може да нарасне.
Се двои тестото на 12 дела. Се развлекува со прстите и се става сувото грозје одозгора, се витка и се спојуваат 4 ленти во плетенка. се става во подмачкан цетвртаст плех.

Се мачка со жолчка и се посипува со сецкани бадеми и крупен шеќер.
Се пече на умерена температура 160с.ц.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови