Интересна и вкусна идеја за клуб сендвичи.
Свежата краставица исечете ја на тенки ленти.
Парчињата леб намачкајте ги со крем сирење и ставете од лентите краставица. Ова ќе биде за надворешните страни.
На средината пак намачкајте со крем сирење, ставете тенки парчиња домати и кулен.Направете сендвич.
Исечете ги краевите, а потоа пресечете го сендичот по дијагонала.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови