- Исчистете ги вишните од семките
- Путерот стопете и оставете на собна температура да олади
- Подмачкајте ја добро модлата бр.22 со путер и брашно
- Вклучете рерната на 200 степени.
- Со жица изматете ги јајцата (но не да се баш пенести)
- Додадете го брашното и продолжете да мешате за да се спои со јајцата и да не останат грутчиња.
- Постепено додавајте во смесата оладениот путер постојано мешајки. Потоа додадете го шеќерот и млекото - измешајте добро да се спојат и ќе добиете течна смеса која е погуста од смесата за палачинки. Додадете ги и ванилата и доколку имате Кирш - ако немате не мора, тоа е само заради аромата.
- На дното од модлата наредете ги вишните со отворот од семката која сте ја извадиле нагоре. Истурете ја смесата врз вишните. Ставете во рерната да се пече околу 10 мин. а потоа намалете на 180 да се допече. Печењето е некаде околу 20-25 мин, да добиете убава златеста боја одозгора. Да не ве загрижува доколку пробате со чачкалица дека е влажно... структурата на клафутите внатре е кремаста.
Печено извадете и посипете со шеќер во гранули, или сочекајте да олади па посипете со шеќер во прав.
- Идеално е да се послужи со сладолед.
Клафутите може да се спрема со секое меко овошје... јас перферирам или малина или вишна, секако и цреша. Не сум досега спремала со праска или кајсија, а велат и со модра слива било одлично, но не сум пробала за да пренесам овде моето мислење.
- После првото спремање на клафути по овој рецепт - секогаш посипувам со шеќер во прав бидејки ценам дека за посипување со гранулинарниот шеќер најпрвин е потребно додека е топло да се посипе одозгора малку стопен путер, па потоа шеќерот, па заради тоа што сакам да го избегнам токму тоа, на оладено ставам шеќер во прав.
Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани