1. Фил. Сите состојки за филот се мешаат со лажица.
2. Омекнатиот путер, јајцето, шеќерот во прав и солта се матат со миксер, потоа се додаваат брашното и пецивото и се замесува со рака да добиеме еластично тесто. Тестото отстојува околу 20 минути.
3. Тестото се распоредува на парчиња од околу 40 гр . Од прилика испаѓаат 10 парчиња.
4. Истите со оклагија ги правиме во форма на круг, потоа се нанесува филот и ги преклопуваме без да се затвараат крајевите.
5. Со жолчката измешана со вода ги премачкува одозгора сочниките, и се печат на 200 степени околу 20 минути.

Урдата треба да биде сува и без топчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани