Во стоплената минерална вода се раствора квасецот со 1 кафена лажичка шеќер и се чека да се активира.(Можи да го растворите во садот во кој ќе месите.) Потоа  го додавате остатокот од шеќерот, солта, пецивото, маслото, јогуртот и додавате брашно за да се замеси средно меко тесто.Откако убаво ќе измесите, премачкувате со малку масленце, покривате со најлонска фолија и оставате на топло место да се дуплира волуменот на тестото.
Од стасаното тесто кинете парчиња со големина на орев и обликовајте топчиња, така од целото тесто.Премачкајте ги нежно со прсти со по малку масленце, за да не фатат коричка додека ги обликовате кифличките.
Правете форми по желба.
Наредете ги во плех кој сте го премачкале со маргарин-дното да биде побелено. Одозгора премачкајте со разматена жолчка, а дел можи да премачкате со белка (кај мене тие што се покапени со бел солен прелив).Во цедалка за чај ставете малку пипер и нежно, по малку росете врз кифличките.Посипете со микс од семињата. Над секоја кифличка ставете по мало парченце маргарин-треба да употребите пола маргарин и за премачкување на плеховите и за врз кифличките.
Нека стасаат некои 30 мин.
Ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени 15-20 мин. Времето зависи од големината на тестото, ако се помали 15 мин., а ако се поголеми од поголема количина на тестенце-20 мин..(Загревањето е 5 мин. на 200 степени.)Исто зависи и од вашата рерна.
После печење нежно премачкајте со помош на четче со по малку водичка и задушете ги.
На здравје!
*Ако се одлучите и за солениот прелив, тој го правам од 2 супени лажици брашно, 1 рамно полна сол и ладна вода за да се добие малку погуста смеса од смеса за палачинки. Во ќеса за замрзнувач се става и се одсекува многу малку на еден ќош. Кога ќе бидат скоро печени кифлите, се вадат од рерна, се попрскуваат и се враќаат да се допечат уште 5 мин.. )))
*При стасувањето на тестото можете да ставите и повеќе слоја на памучна покривка врз најлонската фолија, за да му биде потопло на тестото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани