Прекрасни посни кифлички, меки се и по 2-3 дена, а и рецептот одличен за дечињата кои не сакаат морков. Ова е начин да го користат, а нема ни да забележат.
Морковот се вари и се ренда на поситната страна од рендето. Квасецот се става да стаса со шеќерот и малку брашно.
Во подлабок сад се става брашното, морковот, солта и квасецот и се замесува тесто. Постепено се додава и зејтинот и се формира меко и мазно тесто кое се остава да се одмори и да стаса. Одкако ќе стаса се прават кифлички во форма по желба, стасуваат и се печат околу 20-25 минути на 200степени.
Пред да се стават на печење се премачкуваат со премазот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови